Текстилна индустрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Текстилната индустрија — гранка на индустријата која првенствено се занимава со преработка на влакнести суровини и изработка на предиво, ткаенини, плетени производи и друго, и добивање на нивни производи. Суровината може да биде природна или синтетичка со користење на производи од хемиската индустрија. Текстилната индустрија е една од најстарите индустрии во светот. Истата најрано се појавила и се развила на територијата на Велика Британија.
Памукот е најважното природно влакно во светот. Во 2007 година, глобалниот принос бил 25 милиони тони од 35 милиони хектари одгледувани во повеќе од 50 земји[1]. Постојат пет фази во процесот пред да се добие готов производ[2]: одгледување и собирање, подготвителни процеси, предење, добивање текстил за производство, завршна фаза за добивање готов производ.