Тахити
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тахити ( Tahiti, /təˈhiːti/; француски изговор: [ta.iti]) претходно познат и како Отахеите е најголемиот остров во групата на Ветерните Острови во Француска Полинезија. Островот се наоѓа во архипелагот Друштвени Острови во централниот Јужен Пацифик и е поделен на два дела: поголемиот, северозападниот дел, Тахити Нуи, и помалиот, југоисточниот дел, Тахити Ити. Островот е формиран од вулканскa активност. Toj е висок и планински остров, опкружен со корални гребени. Има 189,517 жители (попис од 2017), со што тој е најнаселениот остров во Француска Полинезија и брои 68.7% од нејзиното вкупно население.
Тахити Отахеите | |
---|---|
Остров | |
Тахити е познат по плажите со црн песок. | |
Местоположба на Тахити во Тихиот Океан | |
Земја | Франција |
Прекуморски региони на Франција | Француска Полинезија |
Острови | Друштвени Острови |
Главен град | Папете |
Површина | |
• Вкупна | 1.044 км2 (403 ми2) |
Надм. вис. | &100000000000022410000002.241 м |
Население (2017) | |
• Вкупно | 189,517[1] |
Демоним | Тахитијци |
Тахити е економски, културен и политички центар на Француска Полинезија, прекуморска заедница (понекогаш нарекуван и прекуморска земја) на Франција. Главниот град на Француска Полинезија, Папете, се наоѓа на северозападниот брег на Тахити. Единствениот меѓународен аеродром во регионот, (Меѓународен Аеродром Фа) е на Тахити во близина на Папете.
Тахити првично бил населен од Полинезијци помеѓу 300 и 800 година. Тие претставуваат околу 70% од населението на островот а остатокот се состои од Европејци, Кинези и оние од мешано потекло.
Островот бил дел од Кралството Тахити сè до неговата анексија од страна на Франција во 1880 година, кога бил прогласен за колонија на Франција а неговите жители станале француски граѓани. Францускиот е единствениот службен јазик, иако тахитскиот јазик широко се зборува.