Струма (автопат)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Струма (бугарски: [Автомагистрала „Струма“] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) е автопат во Бугарија, која го поврзува автопатот Љулин преку Даскалово во близината на градот Перник со граничниот премин „Кулата-Драготин“ и на тој начин се обезбедува патна врска на Софија со Егејска Македонија во денешна Грција.
Трасата на идниот автопат е со приближна должина од 156 километри во правец на патот Е79 и е дел од европскиот транспортен коридор 4. За автопатот има прединвестициони истражувања со утврдена траса, со исклучок на делот во Кресненската Клисура. Во овој регион изградбата е проблематична, бидејќи автопатот се планира да помине низ една од најважните заштитени територии на биоразновидноста во Бугарија.