Стефан Немања
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стефан Немања (српски: Стефан Немања, роден околу 1113 годона - починал на 13 февруари 1199 година) — Голем жупан на Србија од 1166 до 1196 година. Тој бил основач на династија Немањиќ и е запаметен по својот придонес кон српската култура и историја, основањето на земја која подоцна се развила во царство, и основањето на национална црква. Според Српската академија на науките и уметностите, Немања е исто така еден од најзначајните Срби поради неговите литературни придонеси[1].
Стефан Немања | |||||
---|---|---|---|---|---|
Фреска од Свети Симеон (Стефан Немања), манастир Студеница | |||||
Голем жупан на Србија | |||||
На престол | 1166–1196 | ||||
Крунисување | 1166 | ||||
Претходник | Тихомир Завидовиќ | ||||
Наследник | Стефан Првовенчани | ||||
Роден(а) | 1113/4 Подгорица | ||||
Починал(а) | 13 февруари 1199(1199-02-13) Хиландар | ||||
Почивалиште | манастир Студеница | ||||
Сопружник | Ана Немањич | ||||
Деца |
| ||||
| |||||
Династија | Немањиќи | ||||
Татко | Завида | ||||
Вероисповед | православие | ||||
Потпис |
Во 1196 година, по три децении војни и преговори кои ја консолидирале Србија, Немања абдицирал во корист на неговиот втор син Стефан Првовенчани, кој станал првиот крал на Србија. Немања заминал за Света Гора, каде што станал монах и го зел името Симеон, приклучувајќи се на својот најмлад син (подоцна познат како Свети Сава), кој веќе бил прогласен за прв архиепископ на Српската православна црква.
Заедно со неговиот син Сава, Немања го обновил Хиландарскиот манастир на Света Гора од 1198 до 1199 година и ја издал „Хиландарска Повелба“. Манастирот подоцна станал лулка на Српската православна црква. Српската православна црква го канонизирал Стефан Немања кратко време по неговата смрт, под името Свети Симеон Мироточив.