Стево Пендаровски
македонски политичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Стево Пендаровски (3 април 1963 во Скопје) — македонски политичар. Тој бил петти претседател на Македонија од 12 мај 2019 година до крајот на неговиот мандат во 12 мај 2024.
Стево Пендаровски | |
Мандат 12 мај 2019 – 12 мај 2024 | |
Претходник | Ѓорге Иванов |
---|---|
Следбеник | Гордана Силјановска-Давкова |
Роден | 3 април 1963(1963-04-03) (61 г.) Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Сопружник | Елизабета Ѓоргиевска |
Претседатели на Македонија |
Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар. Во 2000-тите бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски. Пендаровски е универзитетски професор и предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.
Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, овојпат како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии. Пендаровски успеал да го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.