Стар мост (Мостар)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стариот мост — мост кој се наоѓа на реката Неретва во Мостар, Босна и Херцеговина. Бил изграден помеѓу 1557-1566 година. Мостот е долг 30 метри и се издига на 20 м над реката Неретва во својата највисока точка. На 9 ноември 1993 година мостот бил разрушен од страна на хрватската војска. Самиот мост бил повторно обновен во 2004 година кога и е ставен под заштита на УНЕСКО. Овој мост е познат како главен симбол на градот Мостар во Херцеговина.
Кратки факти Стар мост, Координати ...
Стар мост | |
---|---|
Стариот мост во 2006 | |
Координати | 43°20′13.56″N 17°48′53.46″E |
Носи | Пешачки мост |
Преминува | Неретва |
Место | Мостар, Босна и Херцеговина |
Официјален назив | Стари мост |
Особености | |
Вид | Лак |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 29 метри |
Ширина | 4 метри |
Распони | 1 |
Потпростор | околу 20 метри во зависност од нивото на реката |
Историја | |
Архитект | Мимар Хајрудин |
Почнат | 1557 |
Завршен | 1566 |
Отворен | 1567 |
Обновен | 7 јуни 2001 – 23 јули 2004 |
Се срушил | 9 ноември 1993 |
Местоположба | |
Затвори
Градител на мостот е Мимар Хајрудин — ученик на прочуениот архитект Мимар Синан. Се смета дека Хајрудин е автор и на мостот Елен Скок кај Реканскиот регион, западна Македонија.