Средновековна Италија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на Италијанскиот полуостров во текот на средновековниот период го опфаќа периодот помеѓу распаѓањето на Западното Римско Царство во 476 година и Италијанските војни од 1494 до 1559 година, кое резултирало до паѓање на териториторијата на денешна Италија под странска доминација, во прво време под Хабсбуршка Шпанија.
Доцната антика во Италија се задржала до 7 век во рамките на Кралството на Остроготите, Јустинијанова Византија и Византиското папство до средината на 8 век. Според некои историчари, средниот век во Италија започнал со слабеењето на Византија под притисок на муслиманските освојувања и паѓањето на Равенскиот ерзархат под Ломбардска власт во 751 година. Ломбардската власт завршила со инвазијата на Карло Велики во 773 година, преку основање на Кралство Италија и Папска Држава. Овој чин претставувал главниот политички конфликт во Италија во текот на следните векови, меѓу папата и на светиот римски цар, што кулминирал со конфликтот меѓу папа Григориј VII и Хајнрих IV и неговото т.н. Патување до Каноса во 1077 година.
Во 11 век започнал политичкиот развој во Италија, трансформацијата на средновековните комуни во моќни градови-држави според моделот на античките римски републики. Најзначајни од нив биле Република Венеција, Република Фиренца, Република Џенова, Република Пиза и други, кои го отвориле патот за италијанската ренесанса. Од друга страна, италијанските градови-држави биле во состојба на постојана војна, учествувајќи како и во постојаните конфликти меѓу папата и Светото Римско Царство. Секој град бил наклонет кон една или друга фракција, но и внатрешно биле поделени на гвелфи (поддржувачи на папата) и гибелини (поддржувачи на царот). Од 13 век, овие војни сè повеќе се воделе со платеници, кои довеле до создавање на италијанската институцијата Кондотиер. По три децении на војните во Ломбардија помеѓу Војводство Милано и Република Венеција, бил потпишан договор од Лоди според кој била формирана т.н. Италијанска лига, која довела до релативен мир за регионот за првпат од неколку векови. Овие пет сили биле поморските републики на Венеција и Фиренца, чии поморски сили доминирале на источниот и западниот брег на полуостровот додека територијално Миланското војводство и Папската Држава доминирале во северниот и централниот дел на Италија, и Кралството Неапол во јужниот дел.
Несигурната рамнотежа помеѓу овие сили дошла до својот крај во 1494 кога војвода од Милано Лудовико Сфорца побарал помош од францускиот крал Шарл VIII во неговиот конфликт против Венеција, што довело до започнување на Италијанската војна од 1494-98. Како резултат на тоа, Италија станала бојно поле на големите европски сили за следните шеесет години, со кулминација во Италијанската војна од 1551-1559 година, кога Хабсбуршка Шпанија станала доминантна сила во Италија. Хабсбуршката династија со Италија владеела до инвазијата на Италија од страна на Наполеон во 1796 година.