Список на победници на Тур де Франс
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур де Франсе годишна друмска велосипедска трка, која се одржува 23 дена во јули. Била основана во 1903 година од весникот L'Auto; таа е најпозната и најпрестижна од трите велосипедски големи трки; другите се Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.[1] Трката вообичаено изминува околу 3.500 километри, поминувајќи низ Франција и соседните земји.[2] Трката е поделена на етапи, вообичаено има 21 етапа. Поединечните завршни времиња на секоја етапа се собираат за да се одреди крајниот победник на крајот на етапата. Патеката се менува секоја година, но секогаш завршува во Париз; од 1975 година завршѕва на Шанзелизе.
Возачот со најниско вкупно време на крајот на секој ден ја носи жолтата маичка, која го претставува предводникот на генералниот пласман. Постојат и други маички: зелена маичка, носена од предводникот на бодовниот пласман; точкаста маичка, носена од предводникот на планинскиот пласман и бела маичка, носена од предводникот на пласманот за млад возач.
Ленс Армстронг бил освојувач на седум последователни трки помеѓу 1999 и 2005,[3] но му биле одземени овие титули во октомври 2012 година од Меѓународен велосипедистички сојуз (UCI) откако се утврдило дека користел средства за зголемување на резултатите.[4] Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индураин, биле новите најуспешни натпреварувачи на трката, секој со по пет победи. Индураин е единствениот велосипедист кој освоил пет последователни трки. Анри Корне е најмладиот победник; победил во 1904 година, малку пред неговиот 20. роденден. Фирмин Ламбо е најстариот победник, имајќи 36 години и 4 месеци кога победил во 1922 година.[5] Француските велосипедисти се најчести победници на трката; 21 велосипедист со 36 победи помеѓу нив. Белгиските велосипедисти се втор со 18 победи, а шпанските возачи се трети со 12 победи.[6] Најнеодамнешен победник е Винченцо Нибали од Астана, кој победил на Тур де Франс 2014.