Список на добитници на Нобеловата награда за физика
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нобеловата награда за физика им се доделува секоја година на научници кои работат на разни полиња од физиката. Таа е една од петте Нобелови награди кои се основани во 1895 година според тестаментот на Алфред Нобел, а ја доделувае Шведската кралска академија на науките за исклучителни придонеси во физиката.[1] Со оглед дека настанала според волјата на Алфред Нобел, со наградата управува Нобеловата фондација, а ја доделува одбор кој се состои од пет члена избрани од страна на Шведската кралска академија на науките.[2] Се доделува во Стокхолм на годишната церемонија на 10 декември, на годишнината од смртта на Алфред Нобел. Секој добитник добива медал, диплома и парична награда која се менувала во текот на годините.[3] Сваки добитник добија медаљу, диплому и новчану награду која се мењала током година.[4]