Список на гувернери на Пенсилванија
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гувернерот на Заедницата на Пенсилванија ја има главната функција во извршната гранка на пенсилванската влада[2] и е, исто така, врховен командант на државната армија.[3]
Гувернер на Пенсилванија | |
---|---|
Знаме на гувернерот | |
Печат на гувернерот | |
Седиште | Гувернерска вила |
Мандат | четири години, може да се наследни самиот само еднаш |
Прв функционер | Томас Мифлин |
Создадена | 21 декември 1790 |
Заменик | Михаел Ј. Стак III |
Плата | $174,914 (2010)[1] |
Мреж. место | governor.state.pa.us |
Обврска на гувернерот е да ги спроведува државните закони и тој има моќ за ставање вето на изгласаните закони од пенсилванскиот парламент.[4] Гувернерот може да одобри помилување, освен во случај на импичмент, и само кога истото помилување е препорачано од советот за помилувања.[5]
Пенсилванија имала седум претседатели и 46 гувернери, од кои двајца гувернери служеле не последователни мандати. Вкупно 55 мандати на двете позиции. Најголемиот мандат го отслужил првиот гувернер, Томас Мифлин, кој ја задржал оваа позиција полни три мандати како гувернер додатно на двете години отслужени како претседател. Накраткиот мандат му припаѓа на Џон Бел кој се задржал на оваа позиција само 19 дена откако неговиот претходник поднел оставка. Моменталниот гувернер на Пенсилванија е Том Корбет чиј мандат започна на 18 јануари 2011.