Список на градови во Нов Зеланд
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
По преуредувањето на месното управување во 1989 г., поимот „град“ (city) во Нов Зеланд зазел две значења. Пред 1989 г., било кој совет на наслено место (анг. borough) со над 20.000 жители можел да се прогласи за град. Границите на секој совет ги следеле контурите на изградениот простор, па така не се правело разлика помеѓу градскиот (изграден или урбан) простор и просторот на месната управа.
Во 1989, структурата на месната самоуправа доживеала значајна рационализација. Новите окружни и градски совети сега биле многу поголеми и покривале и градско и селско (рурално) земјиште. Многу места кои некогаш имале градски совет сега биле под управа на окружен совет.
Зборот „град“ (city) почнал да се применува во понеформална смисла, и се однесувал на поголеми населени простори, независно од границите на месните органи. Ова неформална примена љубоморно се чува и штити од месното население. Гизборн, на пример, се прогласил себеси за првиот град кој го видел новиот милениум. Гизборн е под управа на окружен совет, но неговиот статус како град обично не се оспорува.