Спелеологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Спелеологија е научно проучување на пештерите, нивниот изглед, структура, физичките одлики, историјата, животните форми и процесите преку кои тие се форимирале и се менувале во текот на времето (спелеогенеза и спелеоморфологија).[1] Изразот спелеологија исто така се користи и за рекреативното истражување на пештерите. Спелеологијата е дисциплина која го комбинира знаењето на хемија, биологија, геологија, физика, метеорологија и картографија, што се потребни за да се создаде слика за пештерата како комплексен систем.