Соломон Алаби
From Wikipedia, the free encyclopedia
Соломон Макфан Алаби (21 март 1988 во Кадуна) — нигериски професионален кошаркар кој две сезони настапувал за екипата на Торонто Репторс во НБА. Алаби почнал да тренира кошарка на 15 години, а пред тоа играл фудбал.[1] Бил одбран од Далас Маверикс како 50. избор на драфтот во 2010 година, и веднаш бил разменет во екипата на Торонто.[2]
број 21 – Тојотсу Фајтинг Иглс | |
---|---|
Центар | |
Лични информации | |
Роден на | 21 март 1988(1988-03-21) (36 г.) Кадуна, Нигерија |
Националност | Нигериец |
Височина | 7 ст 1 ин (2.16 м) |
Тежина | 250 lb (113 kg) |
Информации за кариера | |
Средно училиште | Монтверди (Флорида) |
Колеџ | Флорида Стејт (2007–2010) |
НБА драфт | 2010 / Круг: 2 / Избор: 50-ти вкупно |
Одбран од Далас Маверикс | |
Професионална кариера | 2010–сѐ уште |
Лига | Јапонско првенство |
Историја на кариера | |
2010–2012 | Торонто Репторс |
2010–2011 | →Ири Бејхокс |
2012 | →Баскерфилд Џем |
2012–2013 | Ајдахо Стемпед |
2013 | Икарос Калитеас |
2013–2014 | Јилон Дионс |
2015 | Барако Бул Енерџи |
2016–сѐ уште | Тојотсу Фајтинг Иглс |
За време на неговиот престој во Торонто (2010–2012), Алаби често настапувал на натпреварите од развојната лига на НБА, а во НБА одиграл само 26 наптревари во две сезони со скромна минутажа. Во октомври 2012 Алаби потпишал за Њу Орлеанс Хорнетс, но договорот му бил раскинат на крајот од месецот.[3] Во март 2013 потпишал за грчката екипа Икарос Калитеас, а од 2016 игра за Тојотсу Фајтинг Иглс во јапонското првенство.