Совет на Европа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на човековите права и владеење на правото. Седиштето на организацијата е во Стразбур, Франција.
Ова не е исто што и Европски совет или Совет на Европската Унија.
Кратки факти Кратенка, Основана ...
Council of Europe Conseil de l'Europe | |
Кратенка | CoE |
---|---|
Основана | Договор од Лондон 1949 |
Вид | Регионална меѓувладина организација |
Седиште | Стразбур, Франција |
Место | Европа |
Членство |
|
Заменик генерален-секретар | Габриела Батаини-Драгони |
Претседател на Парламентарното Собрание | Лилиен Мори Паскер |
Претседател на Комитетот на министри | Марија Пејчиновиќ Буриќ |
Претседател на Конгресот | Жан-Клод Фрекон |
Мреж. место | www.coe.int |
Затвори
Советот на Европа не треба да биде мешан со Европската Унија - тоа се две сосема различни организации. Исто така, иако знамињата на двете организации се идентични, не треба да се мисли дека станува збор за иста работа.
Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.