Скратифлација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скратифлација (англиски: shrinkflation) или намалување на пакувањето[2] — процес на намалување на големината или количината на артиклите, или дури понекогаш преформулирање или намалување на квалитетот,[3] додека нивните цени остануваат исти или се зголемуваат.[4] [5] Зборот е стопеница на зборовите скратување и инфлација. Првата употреба на поимот „скратифлација“ на англиски јазик со неговото сегашно значење ѝ се припишува на економистката Пипа Малмгрен, иако истиот поим претходно го користел историчарот Брајан Домитровик за економија што се намалува, а истовремено трпи висока инфлација.[6]
Скратифлацијата им овозможува на претпријатијата да ја зголемат својата оперативна маржа и профитабилност со намалување на трошоците додека го одржуваат обемот на продажба, и често се користи како алтернатива за зголемување на цените во согласност со инфлацијата.[7] Здруженијата за заштита на потрошувачите ја осудуваат оваа практика.