Сили (архипелаг)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Островите Сили (корнски јазик: Syllan, или Enesek Syllan) се архипелаг кој се наоѓа северозападно од Корнвол. Островот Сент Агнес од архипелагот е најјужната точка и на Англија и на Обединетото Кралство, а е оддалечен 6,4 км појужно од најјужната точка Лизард Поинт на британското тло. Островите Сили се архипелаг од 145 острови во Келтското Море, оддалечени 45 км од Корнвол.
Syllan | |
---|---|
Поглед на Островите Сили од Меѓународна вселенска станица | |
The Isles of Scilly (red; bottom left corner) within Cornwall (red & beige) | |
Географија | |
Место | 45 km југозападно од Југозападниот Полуостров |
Координати | 49°56′10″N 6°19′22″W |
Катастар | SV8912 |
Архипелаг | Британски Острови |
Соседни водни површини | Келтско Море Атлантски Океан |
Вкупно острови | 5 населени и 140 други |
Поголеми острови | |
Површина | 16,37 км2 ([[List of English districts by area|Предлошка:English district area rank]]) |
Управување | |
Статус | Sui generis Унитарна власт |
Земји | Англија |
Регион | Југозапад |
Церемонијални грофовии | Корнвол |
Најголема населба | Хју Таун (pop. 1,097) |
Локална влада | Тед Мулсон |
Извршен | Тео Лајџсер |
Народен пратеник | Дерек Томас |
Демографија | |
Население | 2300 |
Густина | 139 /km2 (360 /sq mi) |
Етнички групи | 97.3% Бели Британци 2.4% Други белци 0.3% Мешани[1] |
Дополнителни податоци | |
Мреж. место | scilly.gov.uk |
Прогласено: | 13 август 2001 |
Број | 1095[2] |
Според пописот од 2011 година, бројот на жителите е 2203.[3] Островите Сили се дел од церемонијалната грофовија на Корнвол, а дел од услугите се поделени со Корнвол. Сепак, од 1890 година, островите имаат одвоена локална управа.
Придавката „силијански“ понекогаш се употребува за луѓе и предмети поврзани со островите. Војводството Корнвол поседува најголем дел од земјата на островите. Туризмот е главен дел од стопанството, а покрај тоа има и земјоделство каде е најразвиено производството на режано цвеќе.