Силициумска Долина
подрачје на заливската област на Сан Франциско посветено на висока технологија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Силициумска Долина (англиски: Silicon Valley) — подрачје во заливската област на Сан Франциско во Северна Калифорнија., САД Името отпрвин било поврзано со големиот број на произведувачи на интегрални кола кои постојат во регионот, но, со време има станато синоним за сите бизниси кои се занимаваат со висока технологија.
Силициумската Долина го опфаќа северниот дел на Санта Клара Долината и соседните места во јужните делови на Санфранцискиот Полуостров и источниот залив. Долината се простира отприлика од Менло Парк (на полуостровот) и областа Фримонт - Њуерк во Источниот Залив, па сè до Сан Хосе, со центар во Санивејл. Делот од Калифорнскиот пат 17 кој поминува низ планинскиот венец Санта Крус, долината Скотс и градот Санта Крус понекогаш исто се сметаат за дел од долината.