Серија А 2017-2018
From Wikipedia, the free encyclopedia
Серија А 2017-2018 била 116-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 86 сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 19 август 2017, а завршила на 20 мај 2018 година.
Серија А 2017-2018 | |
---|---|
Прваци | Јувентус 34. титула |
Испаднале | |
Лига на шампиони | |
Лига Европа | |
Одиграни натпрвари | 380 |
Најдобар стелец | Чиро Имобиле Мауро Икарди (29 гола)[1] |
Најголема победа дома | 7-0 Јувентус - Сасуоло (4 февруари 2018)[2] |
Најголема победа во гости | 0-5 Верона - Фјорентина (10 септември 2017)[3] Каљари-Наполи (26 февруари 2018)[2] Сампдорија-Интер (18 март 2018)[4] Верона-Аталанта (18 март 2018)[4] |
Натпревар со најмногу голови | 2-6 Удинезе-Јувентус (22 октомври 2017) 6-2 Лацио-Беневенто (31 март 2018)[5] |
Најголема серија на победи | 12 натпревари[6] Јувентус |
Најголема серија без пораз | 18 натпревари[7] Јувентус |
Најголема серија без победа | 18 натпревари[8] Беневенто |
Најголема серија на порази | 14 натпревари[9] Беневенто |
Најголема посетеност | 78,328 Интер - Милан 3-2 (15 октомври 2017)[10] |
Најмала посетеност | 7,000 Кјево - Болоња 2-3 (22 декември 2017)[10] |
Вкупна посетеност | 9,032,846[11] |
Просечна посетеност | 24,545[11] |
← 2016–17 2018–19 → |
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2016-2017. Спал, Верона и Беневенто биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 13 мај 2018, Јувентус ја одбранил титулата на едно коло пред крајот после ремито 0-0 на гостувањето во Рим кај Рома. Најголем конкурент на Јувентус за титулата во оваа сезона бил Наполи кој завршил на второто место со 4 бода помалку од шампионот. Екипите на Рома и Интер ги освоиле третото и четвртото место и заедно со Јувентус и Наполи играле во групната фаза на Лигата на шампионите 2018-2019.
Петтопласираниот Лацио, шестопласираниот Милан и седмопласираната Аталанта избориле учество во Лигата на Европа 2018-2019.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Кротоне, Хелас Верона и Беневенто.
Најдобри стрелеци за сезоната биле Чиро Имобиле од Лацио и Мауро Икарди од Интер со 29 постигнати гола.