Сеништа (Ибзен)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сеништа (дански: Gengangere) — драма во три чина на норвешкиот писател Хенрик Ибзен. Напишана е во 1881 година, а својата праизведба ја имала во Чикаго, Илиноис, во 1882 година. Од страна на данска трупа на турнеја, во 1883 година била изведена во Хелсингборг, Шведска.
„Сеништа“ | |
---|---|
Првото издание на Сеништа, 1881 | |
Автор | Хенрик Ибзен |
Премиера | 20 мај 1882 (1882-05-20) |
Место на премиера | Сала Аурора Тарнер, Чикаго, Илионис |
Изворен јазик | норвешки, дански |
Тематика | морал |
Заедно со Куќата на една кукла, се смета за најпознатото дело на Ибзен, но не и најуспешно.
Во Сеништа, Ибзен застанал против семејната тиранија и почитувањето на правилата, кои во тоа време беа веќе мртви и бесмислени.[1] Поради својата тематика, која се однесува на верата, венеричните болести, инцестот и евтаназијата, по првите изведби оваа драма предизвикала силни контроверзии и негативни критики. Но, оттогаш, претставата била сè поприфатена и денес се смета за исклучително дело кое има и големо историско значење.