Сем Кук
американски пејач и текстописец (1931-1964) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Семјуел Кук (англ. Samuel Cooke;[5] 22 јануари 1931[6] – 11 декември 1964), [5] професионално познат како Сем Кук (англ. Sam Cooke) ― американски пејач и текстописец. Тој бил еден од највлијателните соул-музичари на сите времиња и го викале „Крал на соулот“ поради: неговиот карактеристичен глас, придонесот како основоположник на соул-музиката и значењето во популарната музика.[7] За време на неговата осумгодишна кариера, Кук објавил 29 синглови кои се пласирале во топ-40 на топ-листата за поп-синглови од Билборд, како и 20 синглови во топ-10 на ''Билбордовата топ-листа за црни синглови“. Во 1964 година Кук бил застрелан и убиен од менаџер на мотел во Лос Анџелес.[8] По истрагата, судовите пресудиле дека се работи за оправдано убиство.[9] Кук се наоѓа на Билбордовиот список од „35 најдобри R&B музичари на сите времиња“ објавен во 2015 година.
Сем Кук | |
---|---|
Кук во 1963 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Семјуел Кук |
Роден(а) | 22 јануари 1931(1931-01-22)[1][2] Кларксдејл, Мисисипи, САД |
Потекло | Чикаго, Илиноис, САД |
Починал(а) | 11 декември 1964(1964-12-11) (возр. 33) Лос Анџелес, Калифорнија, САД[3] |
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 1951–1964[4] |
Издавачи |
|