Седмица
единица за време која се состои од 7 дена / From Wikipedia, the free encyclopedia
Седмица (разговорно недела и архаично теден) — групирање на денови како во месечевиот месец, година итн. Седмицата зазема помал временски период од месецот и помага на луѓето за организирање на работата, секојдневните активности, комуникацијата и останатите сфери од животот. Повеќето од земјите во светот ја поделиле седмицата на седум денови.