Севилскиот бербер
опера од Џоакино Росини / From Wikipedia, the free encyclopedia
Севилскиот бербер или Залудната претпазливост — опера буфа во два чина од Џоакино Росини по либретото на италијански од Чезаре Стербини. Либретото се базира на француската комедија „Севилскиот бербер“ од Пјер Бомарше (1775). Премиерно е изведена на 20 февруари 1816 година во римскиот Театро Аргентина, со дизајни на Анџело Тосели.
Кратки факти Севилскиот бербер, Изворно ...
Севилскиот бербер | |
---|---|
Опера буфа од Џоакино Росини | |
Литографија од Александре Фрагонард од 1830 | |
Изворно | Il barbiere di Siviglia, ossia L'inutile precauzione |
Либрето | Чезаре Стербини |
Јазик | Италијански |
Според | Комедијата „Севилскиот бербер“ од Пјер Бомарше |
Премиерна изведба | |
Датум | 20 февруари 1816 (1816-02-20) |
Место | Театро Аргентина, Рим |
Затвори
Севилскиот бербер од Росини се истакна како едно од најголемите ремек-дела на комедија во музичката индустрија, и се опишува како опера буфа на сите „опери буфа“. И по двесте години, сè уште е популарно дело.[1]