Светска изложба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светски саем (EXPO), е било која варијанта на голема изложба одржана од средината на 19. век па наваму. Официјално тело за организација на светските саеми е Службата за меѓународни саеми (Bureau of International Expositions, BIE), акроним од францускиот назив на организацијата (Bureau International des Expositions)). BIE саемите се поделени на неколку типови: универзални, меѓунардони и специјализирани. Вообичаено траат од 3 до 6 месеци. Државите можат да организираат сопствени саеми или изложби без влијание на BIE.
Во денешно времe, светските изложби најверојатно се трет најголем настан во светски рамки во смисла на економското и културолошкото влијание, веднаш после ФИФА Светскиот куп и Олимписките игри. Светските изложби се одржуваат повеќе од едни и пол век - што е подолго од организацијата на современите Олимписки игри и секако |Светскиот Куп. Првиот Експо бил одржан во Кристалната палата во Хајд Парк во Лондон, 1851 година под наслов "Голема изложба на индустриски постигнувања на сите нации". „Големата изложба“ како што честопати се нарекува, била идеја на принцот Алберт, сопруг на Кралицата Викторија и била прва меѓународна изложба на индустриски производи. Како такваа, таа предизвикала развој во неколку подрачја од опшеството, вклучувајќи ги тука уметноста и образованието, меѓународна трговија, како и туризмот. Оваа изложба била претходник на многу меѓународни изложби одржани подоцна кои се нарекувале "Светски изложби", кои се постојано одржувани до денешен ден.