Свети Винцент
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Винцент (англиски: Saint Vincent) е вулкански остров во Карипското Море. Островот е дел од Карипските Острови, поточно дел од подгрупата на Заветрени Острови. Административно и политички, Свети Винцент е дел од државата Свети Винцент и Гренадини, каде е и најголем остров. Западно од островот се наоѓа Карипското Море, источно се наоѓа Атлантскиот Океан, јужно од островот е Гренада, а северно Света Луција. Островот е составен од делумно потопени вулкански планини. Доминантна географска одлика на Свети Винцент е вулканот Ла Суфриер, кој е сè уште активен.[1] Свети Винцент има вкупна површина од 345 км2 и население од 120.000 жители според податоците од 2005.
- За други значења, видете ја страницата за појаснување.
Познат и како Јурумеј или Хајруна | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Поглед кон Свети Винцент. | |||||||||||
Географија | |||||||||||
Место | Карипско Море | ||||||||||
Координати | 13°15′N 61°12′W | ||||||||||
Архипелаг | Приветрени Острови | ||||||||||
Површина | 345 км2 | ||||||||||
Должина | 18 ми (29 км) | ||||||||||
Ширина | 11 ми (18 км) | ||||||||||
Највисока точка | Суфриер 4,048 ст (1,234 м) | ||||||||||
Управување | |||||||||||
Парохии | 6 | ||||||||||
Составни единици | 15 | ||||||||||
Најголема населба | Кингстаун (pop. 25,418) | ||||||||||
Демографија | |||||||||||
Население | 100,000 (2012) | ||||||||||
Густина | 347,83 /km2 (90.088 /sq mi) | ||||||||||
Етнички групи | црни 66%, Индијци 6%, Гарифуанци 2%, мешани 19%, бели 4%, други 3%. | ||||||||||
Дополнителни податоци | |||||||||||
|
Островот во минатото бил под француска и британска колонијална власт. Французите и Британците имало спор за тоа чиј е островот, особено за време на XVIII век. Во 1783 година островот потпаднал под британска власт, која кратко време ја изгубила власта, за да во 1783 година ја воспоставила власта повторно. Островот се стекнал со независност на 27 октомври 1979 година. Главен град на островот е Кингстаун со околу 25.418 жители. Покрај Кингстаун, на островот се наоѓаат и следниве населени места: Леју, Баруалје, Шатобле, Џорџтаун, Калика и Маријака Вели.