Сатрап
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сатрап (персиски: ﺳﺎ تراپ) е назив за управител на покраина во древните Медејска и Ахаменидска империја и во државните творби наследници на овие две империи, како што се Сасанидското Царство и наследничките на Македонската империја.
Титулата сатрап е со потекло од Медеја и била користена за да ги опише вазалните кралеви во Медејската империја. Медејските и персиските кралеви за контрола и надгледување на своите сатрапи испраќале надзорници кои носеле титула "кралско око".
Зборот сатрап исто така често се користи во медерната литература за светски водачи или управители кои се под силно влијание на големите светски велесили или хегемонии и делуваат како нивни сурогати.