Санта Марија (вулкан)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кратки факти Санта Марија, Сантиагуито, Највисока точка ...
Санта Марија, Сантиагуито | |
---|---|
Фотографија од конусниот врв на Санта Марија | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3772 м |
Координати | 14°45′20″N 91°33′06″W |
Географија | |
Матичен венец | Сиера Мадре |
Геологија | |
Вид | Стратовулкан |
Вулкански лак/појас | Вулкански појас во Средна Америка |
Последен избув | од 1922 до денес |
Затвори
Санта Марија — еден од најголемите активни вулкани кој се простира на западниот дел од висорамнините на Гватемала, поточно во областа Кецалтенанго близу до градот Кецалтенанго. Вулканот бил познат под името Гагзанул (на локалниот к'иче јазик) сè до освојувањето на регионот од шпанските колонизатори во 16-иот век.[1]
Во 1902 година се случила една од трите најголеми ерупции во 20-иот век со индекс на експлозивност VEI-6. Поголеми ерупции единствено имале вулканите Новарупта во 1912 година и планината Пинатубо во 1991 година. Може да се спомене и дека оваа ерупција е една од петте најголеми во последните 200 години (а веројатно и 300 години).[2]