Сало
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сало[1][2] или свинска маст — полуцврст производ што се добива со топење на мрсните делови од на свињата.[3][4] Се разликува од лојот, сличен производ што се добива од мрсните делови на говеда или овци.
Салото може да се добие со парење, вриење или сува топлина. Кулинарските квалитети на салото донекаде се менуваат во зависност од потеклото и начинот на обработка. Ако е правилно изработено, може да биде речиси без мирис и вкус.[5] Има висока содржина на заситени масни киселини и нема трансмасти. Во малопродажба, прочистеното (рафинираното) сало се продавало како коцки завиткани во хартија, но сè повеќе се користи пластична амбалажа.
Многу кујни го користат салото како маснотија за готвење, или како намаз на исти начини како путерот. Тоа е состојка во различни солени јадења како што се колбаси, паштети и полнетици. Како замена за путерот, му дава ронливост на печивото. Во западната кујна, му ја отстапила својата популарност на растителните масла, но многу готвачи и пекари сè уште го претпочитаат во однос на другите масти за одредени намени.