Саксо-Алтенбург
From Wikipedia, the free encyclopedia
Саксо-Алтенбург (германски: Sachsen-Altenburg) — едно од Саксонските војводства што биле под контрола на лозата Ернестин на династијата Ветин, во денешна Тирингија.[1] Била една од најмалите германски држави со површина од 1.323 квадратни километри и население од 207.000 (1905) жители, од кои околу една петтина живеела во главниот град Алтенбург. Територијата на војводството се состоела од две неповрзани територии одделени со земја што му припаѓало на Кнежевството Ројс. Нејзината економија се засновала на земјоделство, шумарство и мала индустрија. Државата имала уставна монархиска форма на владеење со парламент составен од триесет членови избрани од машки даночни обврзници над 25 години.
Кратки факти
Војводство Саксо-Алтенбург | ||||||
Herzogtum Sachsen-Altenburg | ||||||
Држава на Свето Римско Царство (1602–1806) Држава на Германски Сојуз (1815–66) Држава на Северногермански Сојуз (1867–71) Федеративна држава на Германско Царство (1871–1918) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Војводството Саксо-Алтенбург во рамките на Германското Царство | ||||||
Саксо-Алтенбург, прикажано во рамките на Ернестинските војводствата (портокалово) | ||||||
Главен град | Алтенбург | |||||
Јазици | Германски, Тирингиски дијалект | |||||
Вероисповед | Протестантство | |||||
Уредување | Војводство | |||||
Војвода | ||||||
- | 1603–1613 | Јохан Филип (прв) | ||||
- | 1908–1918 | Ернст II (последен) | ||||
Историски период | Среден век / Прва Светска војна | |||||
- | Поделено од Саксонија-Вајмар | 1602 | ||||
- | Обединување на Германија | 18 јануари 1871 | ||||
- | Ноемвриска револуција | 1918 | ||||
- | Обединето во Тирингија | 1920 | ||||
Денес во | Германија | |||||
Затвори