Руска државна библиотека
национална библиотека на Русија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Руска државна библиотека (руски: Российская государственная библиотека) — национална библиотека на Русија, сместена во Москва. Ова е најголема библиотека во земјата и четврта по големина во светот, со фонд од 17,5 милиони книги.[2] Од 1925 до 1992 г. го носела името Државна библиотека на СССР „В. И. Ленин“ (Государственная библиотека СССР имени В. И. Ленина).
- Не е исто што и Руска национална библиотека
Кратки факти Основана, Место ...
Поглед на библиотеката | |
Основана | 1862[1] |
---|---|
Место | Москва, Русија |
Ограноци | 3 |
Фонд | |
Обем | 44.800.000 (2012) |
Пристап и употреба | |
Опслужува | 93.100 (2012) |
Други информации | |
Буџет | 1.740.000.000 (2012) |
Директор | Александар Вислиј (ген. дир.), Владимир Гнездилов (изв. дир.), Виктор Фјодоров (претседател) [1] |
Кадар | 1830 (2012) |
Службена страница | http://www.rsl.ru |
Карта |
Затвори
Библиотеката има повеќе од 275 км полици со преку 43 милиони единици,[1] од кои 17 милиони книги, 13 милиони периодика, 350.000 партитури и звучни записи, 150.000 карти и друг материјал. Опфатени се вкупно 247 јазици, што изнесува 29% од збирката.
Помеѓу 1922 и 1991 г. во неа е поднесен барем еден примерок од секоја книга издадена во СССР, и оваа депозитна практика продолжува до денес.