Родос (град)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Родос (грчки: Ρόδος) — главен град на грчкиот остров Родос, и се наоѓа во југоисточниот дел на Егејското Море. Градот има околу 80.000 жители. Овој град е најпознат по Колосот од Родос, кој бил едно од седумте светски чуда. Тврдината на градот Родос, која била изградена од страна на рицарите болничари е еден од најдобро зачуваните градови во Европа. Од 1988 година е објавен за објект од светско културно наследство од страна на УНЕСКО. Денеска, градот е една од најголемите туристички атракции на Балканот.
Оваа статија е за грчкиот град Родос. За друга употреба видете Родос (појаснување).
Кратки факти Родос Ρόδος, Земја ...
Родос Ρόδος | |
---|---|
Поглед на пристаништето | |
Координати: 36°26′N 28°13′E | |
Земја | Грција |
Област | Јужен Егеј |
Округ | Додеканези |
Управа | |
• Градоначалник | Хаѕис Хаѕиефтимиу (НД; од јануари 2007) |
Површина | |
• Градска | 19,481 км2 (7,522 ми2) |
Најг. вис. | &1000000000000002500000025 м |
Најм. вис. | &100000000000000000000000 м |
Население (2001)[1] | |
• Градско | 53.709 |
• Густина | 2,8/км2 (7,1/ми2) |
• Метро | 80.000 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 851 00 |
Повик. бр. | 22410 |
Рег. таб. | PO, PK |
Мреж. место | www.rhodes.gr |
Затвори