Родерик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Родерик на германски јазици, Родриго или Родерико на шпански и португалски — последниот визиготски крал на почвата на Хиспанија, кој владеел помеѓу 710 и 711 година. Бил убиен во Битката кај Гвадалета, која го означила почетокот на мавританското освојување на Пиринејскиот Полуостров и крајот на владеењето на Визиготите. Всушност, многу малку се знае со сигурност за Родерик, освен дека владеел со дел од визиготското кралство во Хиспанија, додека другиот дел бил управуван од неговите противници, и дека умрел борејќи се против муслиманските напаѓачи кои набрзо го зазеле и го освоиле целиот полуостров.
Кратки факти Родерик, Список на визиготски кралеви ...
Родерик | |
---|---|
Список на визиготски кралеви | |
На престол | 710 – 711 |
Претходник | Витица |
Наследник | Агила II |
Починал(а) | 711 Визиготско Кралство |
Сопружник | Егилона |
Затвори