Роалд Амундсен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Роалд Енгелбрегт Гравнинг Амундсен (норвешки: Roald Engelbregt Gravning Amundsen; 6 јули 1872 – о. 18 јуни 1928 ) — норвешки истражувач на поларните региони. Како водач на Антарктичката експедиција од 1910-1912 г, станал првиот човек кој стигнал до Јужниот Пол (14 декември 1911) и бил клучен експедициски водач во тек на херојското доба на истражување на Антарктикот. Во 1926 година, тој бил првиот водач на експедиција за прелет на Северниот Пол, со што станал првиот човек кој стигнал на двата пола.[2][3] Познат е и по експедицијата за поминување на Северозападниот приод (1903-06) на Арктикот.
Кратки факти Роалд Амундсен, Роден(а) ...
Роалд Амундсен | |
---|---|
Роден(а) | Роалд Енделбрегт Гравнинг Амундсен 16 јули 1872(1872-07-16)[1] Борге, Естфол, Норвешка |
Националност | Норвежанец |
Занимање | Истражувач |
Познат(а) по | Прва експедиција на Јужниот Пол и прелет на Северен Пол, првиот кој пловел по Северозападниот Премин |
Родители | Јенс Амундсен, Хана Салквист |
Награди | Медал Хубарт (1907) Медал Чарлс П. Дејли (1912) Медал Вега (1913) |
Потпис |
Затвори
Исчезнал во јуни 1928 година учествувајќи во мисија за потрага и спасување на италијанскиот аеронаутички инженер и истражувач Умберто Нобиле.