Ричард Сталман
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ричард Метју Сталман (англ. Richard Matthew Stallman), (р. 16 март 1953 година), познат и по својата кратенка „рмс“ (rms), е основач на движењето за слободен софтвер, проектот ГНУ (GNU) и Фондацијата за слободен софтвер. Сталман е познат програмер и „хакер“ и меѓу неговите најважни заслуги се вбројуваат GNU Emacs, GNU C Compiler и GNU Debugger. Тој е автор на ГНУ-овата општа јавна лиценца (GNU General Public License - позната под кратеница GNU GPL или GNU) која е најчесто употребувана лиценца за слободен Софтвер. Сталман се смета за еден од основачите на концептот на „копилефт“ (copyleft, „авторско лево“).
Ричард Сталман | |
---|---|
Ричард Сталман на Питсбуршкиот универзитет (2010) | |
Роден(а) | 16 март 1953(1953-03-16) (71 г.) Њујорк, САД |
Националност | Американец |
Други имиња | рмс |
Алма матер | Харвард |
Занимање | Претседател на Фондацијата за слободен софтвер |
Познат(а) по | Движење за слободен софтвер, ГНУ, Emacs |
Страница www.stallman.org |
Од средината на 1990-тите години, Сталман се посветува на политичката кампања и просветителство за слободен софтвер и против патентирањето на софтверски идеи и ширење на законските основи за зголемување на авторските права. Као програмер и понатаму го одржува и подновува GNU Emacs. Сталман е скромен по природа и живее од донации за работата на Фондацијата за слободен софтвер. Своето време го поминува во подготовка и учество на конференции и семинари посветени на слободниот софтвер.