Рецесија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во економијата, поимот рецесија е генерално забавување на економската активност во една земја за определен временски период, или намалување на деловниот циклус.[1][2] За време на рецесија многу макроекономски индикатори варираат на сличен начин. Продуктивноста мерена преку Бруто-домашниот производ (БДП), вработувањата, инвестициите, искористувањата на капацитетите, приходите во домаќинствата и профитите на бизнисите се намалуваат за време на рецесија.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Обично, владите преземаат активности против рецесијата преку усвојување на експанзивни макроекономски политики, како што се зголемување на парите во оптек, зголемување на владиното трошење и намалување на даноците.