Рајнска област
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историски гледано, Рајнска област[1] може да се однесува (физички гледано) на лабаво дефинираниот регион на земјиштето на брегот на реката Рајна во Средна Европа.
Од неодамна Рајнска област (Rheinland на германски) стана општо име за површините во Германија по текот на средна и долна Рајна во Германија помеѓу Бинген и холандската граница или помеѓу сливот на реката Некар и Келн.[2] На запад, областа се простира до Луксембург, Белгија и Холандија; на источната страна таа ги опфаќа градовите по текот на реката. Освен за Сар, оваа област повеќе или помалку одговара на денешната употреба на терминот.
Таа е спорна прашање, но помеѓу двете војни терминот „Рајнска област“ ја покривал целата окупирана и демилитаризирана зона на запад од Рајна, вклучувајќи ги и главните мостово на источните брегови (види ја картата). По пропаѓањето на Французите, Германците и Холанѓаните доминирала на западниот брег на Рајна во раниот 19 век (Јилих-Клеве-Берг), и исто така германските и холандските говорни подрачја во средниот и долниот тек на Рајна биле анектирани кон Прусија. Пруската администрација ја реорганизирала територијата во Рајнска покраина (исто така позната како Рајнска Прусија), термин кој продолжува да се употребува во имињата на германските сојузни покраиниа Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија. По Првата светска војна во раниот 20 век, западниот дел на Рајнската област бил окупиран од силите на Антантата, потоа демилитаризирана со Версајскиот договор. Германските сили ја ремилитаризирале територијата во 1936, како дел од дипломатското тестирање на волјата, три години пред почетокот на Втората светска војна.
Јужните и источните делови главно се ридести (Вестервалд, Хунсрик, Таунус и Ајфел), се испресечени со речни долини, главно со Рајна и Мозел. Се север е долината на реката Рур.
Некои од поголемите градови во Рајнската област се: Ахен, Бон, Келн, Дујсбург, Диселдорф, Кобленц, Крефелд, Леверкузен и Трир.