Ралф Валдо Емерсон
американски писател / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ралф Валдо Емерсон (англ. Ralph Waldo Emerson, 25 мај 1803 – 27 април 1882 ) — американски предавач, есеист и поет, но најмногу е запаметен како водач на трансценденталистичкото движење во XIX век. Тој се смета за поддржувач на индивидуализмот и критичар напротивставените општествени притисоци, а ги искажувал своите мислења преку десетици објавени есеи и преку повеќе од 1500 јавни предавања, кои ги одржувал низ територијата на Америка.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Ралф Валдо Емерсон Ralph Waldo Emerson | |
---|---|
Ралф Валдо Емерсон | |
Роден(а) | 25 мај 1803(1803-05-25) Бостон, САД |
Починал(а) | 27 април 1882(1882-04-27) (возр. 78) Конкорд, САД |
Период | Филозофија на XIX век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | трансцендентализам |
Потпис | |
Емерсон постепено се одвојувал од религиозните и општестени верувања на неговите современици, формулирајќи ја и изразувајќи ја филозофијата на трансцендентализмот во есејот „Природа“ објавен во 1836 година. Продолжувајќи со оваа идеологија, Емерсон во 1837 година објавил говор, насловен „Американскиот научник“,кој Оливер Вендер Холмс Сениор го сметал за „интелектуална Декларација за независност“ на Америка. Како еден од најголемите предавачи во тоа време, Емерсон имал ентузијазам и почит кон својата публика.
Емерсон ги напишал повеќето од неговите најважни есеи како предавања, но потоа ги преработил и ги објавил. Неговите први две збирки есеи – „Есеи: прва серија“ и „Есеи: втора серија“, објавени во 1841 односно 1844 – го претставуваат неговото размислување и ги вклучуваат познатите есеи како што се „Самостојност“ , „Кругови“, „Поет“ и „Искуство“. Заедно со „Природа“, овие есеи го обележаа периодот од половината на 1830 до половината на 1840 година и овој период се смета како најплоден за Емерсон.
Емерсон пишувал за различни теми, развивајќи одредени идеи како индивидуалност, слобода, способноста на човекот да оствари речиси се, како и врската помеѓу душата и околниот свет. „Природата“ на Емерсон е повеќе филозофска отколку натуралистичка; „Филозофски сметано, универзумот е составен од Природата и Душата.“
Иако неговиот стил на пишување се смета за неразбирлив, дури и во неговото време, есеите на Емерсон се важен дел од американското размислување, а неговите дела влијаеле на секој поет, писател и филозоф по неговото време. Кога бил запрашан да ги резимира своите дела, тој рекол дека неговата доктрина била „бесконечноста на човекот”.