Рак на дојка
From Wikipedia, the free encyclopedia
На светско ниво, ракот на дојката, е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од нивниот живот. Покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и делотворен третман, околу 20% од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест. Според ова ракот на дојката е втора по честота причина за смрт од злоќудни заболувања кај жените.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Рак на дојка | |
---|---|
Мамограми на кои се прикажани нормална дојка (лево) и дојка со рак (десно, бели стрелки). | |
Специјалност | Онкологија |
Симптоми | Грутка на градата, промена во формата на градата, избраздување на кожата, исцедок од брадавицата, црвена лушпеста дамка на кожата[1] |
Ризик-фактори | Полот (жени), гојазност, недоволна активност, алкохол, хормонска заместителна терапија за време на менопауза, јонизирачко зрачење, рана возраст при прва менструација, доцна возраст при прв пород или жени кои никогаш не родиле, возраст, семејна историја, Клинефелтеров синдром[1][2][3] |
Дијагностички метод | Ткивна биопсија[1] |
Третман | Хируршка интервенција, радиотерапија, хемотерапија, хормонска терапија, таргетирана терапија[1] |
Прогноза | Стапка на петгодишно преживување ~85% (САД, ВБ)[4][5] |
Честота | 2.1 милиони заболени во 2015[6] |
Смртни случаи | 533,600 (2015)[7] |
И самите сме сведоци на големиот број заболени жени, но што е уште позагрижувачко е дека се работи за жени од помладата популација. Свеста кај жените во врска со оваа блест - рак на дојката не успева да проработи доволно. Се чека “последниот воз,, за да се отиде на контрола, фаза до која можеби и нема назад. Ваквото поместување на старосната граница е алармантен знак кој кај мене побуди интерес поопширно да ја обработам оваа тема. Статистичките податоци говорат дека од 8 или 9 жени кај една сигурно ќе се развие Ца маммае во некоја животна фаза. Мала е можноста да се развие пред 20 годишна возраст. Ризикот е зголемен по 30-тата година од животот, најчесто се јавува помеѓу 55 и 70-тата година. Но просечната возраст во која се дијагностицира Ca Mammae е 60тата година од животот. Секое туморозно заболување на дојките за жената е двоен проблем-здравствен и стетски, а покрај тоа може да доведе и до психичка и душевна лабилност. Но не само тоа.... Покрај напорите што се прават за да се постигне рано откривање, делотворен третман и успешно излекувње на болеста сепак сепак бројот на заболени се зголемува сè повеќе што резултира со зголем број на смртни случаи од оваа болест.