Пјетро Маскањи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пјетро Маскањи (италијански:Pietro Mascagni; 7 декември 1863 - 2 август 1945 година) бил италијански композитор познат по своите опери. Неговото ремек дело Кавалерија Рустикана од 1890 година предизвикало една од најголемите сензации во историјата на операта и во италијанската драмска музика го вовела движењето веризам. Иако за Маскањи често се сметало, како и за Руџеро Леонкавало, дека е „човек со една опера“ кој не ќе може да го повтори успехот на првото дело, Другарот Фриц и Ирис опстанале на репертоарот низ Европа (претежно во Италија) уште од нивните премиери.[1]
Пјетро Маскањи | |
---|---|
Роден(а) | Пјетро Антонио Стефано Маскањи 7 декември 1863(1863-12-07) Ливорно, Италија |
Починал(а) | 2 август 1945(1945-08-02) (возр. 81) Рим, Италија |
Занимање | Композитор |
Маскањи напишал петнаесет опери, оперета, неколку оркестарски и вокални дела, како и песни и музика за пијано. За време на својот живот бил почитуван и како композитор и како диригент на своја и туѓа музика и создавал различни стилови во своите опери.