Пјер Шодерло де Лакло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пјер Шодерло Де Лакло (француски: Pierre Ambroise François Choderlos de Laclos, роден на 18 октомври 1741 во Амјен - починал на 5 септември 1803 во Таранто) — француски армиски генерал, државен службеник и писател, познат најмногу со романот „Опасни врски“ (Les Liaisons dangereuses).
Пјер Шодерло де Лакло | |
---|---|
Портрет од Шодерло де Лакло | |
Роден/а | Пјер Амброаз Франсоа Шодерло Де Лакло 18 октомври 1741(1741-10-18) Амјен, Кралство Франција |
Починат/а | 5 септември 1803(1803-09-05) (возр. 61) Таранто, Кралство Сициилија |
Занимање | писател офицерски генерал |
Националност | Французин |
Долго време Шодерло Де Лакло бил сметан за скандалозен писател како Маркиз де Сад и Никола Ретиф. Како војник тој немал илузии за човечката природа, а како аматерски писател целта му била „да напише роман, кој е необичен, кој ќе дигне многу шум и ќе остане на земјата долго откако тој ќе си замине“. Оваа цел ја постигнал со „Опасни врски“, кој ги опишува љубовните интриги на француската аристократија. Делото е меѓу ремек-делата на романистиката од XVIII век и инспирирала повеќе критични и аналитички есеи, коментари, драми и филмови.