Пупинов калем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пупинов калем или Пупинова намотка – електрична намотка која во 1900 година ја конструирал Михајло Пупин за да го реши проблемот на губење на јакоста (интензитетот) на сигналот кај телеграфскиот и телефонскиот пренос на големи далечини. Денес за таа цел се користат засилувачи.[1]