Приклучување на Хрватска кон ЕУ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Најскорешното и досега последно проширување на Европската унија било на 28 јули, 2013 година кога Хрватска станува 28-та земја-членка на Европската унија. Земјата аплицирала за членство во ЕУ уште во 2003 година, а Европската комисија дала препорака за статус на официјален кандидат на почетокот на 2004 година. Статусот земја кандидат и бил доделен на Хрватска од Европскиот совет во средината на 2004 година. Преговорите за влез, иако првично биле закажани за март 2005 година, започнале во октомври истата година, истовремено со скрининг-процесот.
Процесот на пристапување на Хрватска бил усложнет од инсистирањето на Словенија, земја членка на ЕУ, да се решат граничните прашања на двете земји пред пристапувањето на Хрватска во ЕУ. Хрватската јавност, во главно, го поддржувала процесот на пристапување кон ЕУ и покрај повремените појави на евроскептицизмот.
Хрватска ги завршува преговорите за пристапување на 30 јуни, 2011 година,[1] а на 9 декември, 2011 година го потпишува Договорот за пристапување. На 22 јануари, 2012 година во Хрватска се одржува референдум за пристапување во ЕУ, при што 66% од учесниците гласале за влез во Унијата.[2][3][4][5] Процесот на ратификација завршил на 21 јуни, 2013 година, а стапувањето на сила и пристапувањето на Хрватска кон ЕУ се случило на 1 јули, 2013 година.[6]
ЕУ во тој момент, односно во периодот од 2013-2020, сè додека кога Велика Британија не ја напуштила унијата, имала најголема територија.