Приклучување на Украина кон ЕУ
From Wikipedia, the free encyclopedia
На 28 февруари 2022 година, непосредно откако беше нападната од Русија, Украина поднесе барање за членство во Европската унија (ЕУ). Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј побара итен прием според „нова специјална процедура“,[1] и претседателите на осум држави на ЕУ повикаа на забрзан процес на пристапување.[2] Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека го поддржува пристапот на Украина, но дека процесот ќе потрае.[1] На 1 март 2022 година, Европскиот парламент препорача Украина да биде официјален кандидат за членство,[3] а на 10 март 2022 година, Советот на Европската унија побара од Комисијата мислење за апликацијата.[4] На 8 април 2022 година, фон дер Лајен му претстави на Зеленскиј законски прашалник,[5] на кој Украина одговори на 17 април.[6]
Приклучување на Украина кон ЕУ | ||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Статус | ||||||||||||||||
Кандидат | ||||||||||||||||
Апликација | 28 февруари 2022 | |||||||||||||||
Одобрение | 23 јуни 2022 | |||||||||||||||
Прием | не | |||||||||||||||
Мреж. место | Портал за европска интеграција на Украина | |||||||||||||||
Напредок | ||||||||||||||||
Напредок на скринингот | ❌ Не е започнат
| |||||||||||||||
Затворени поглавја | ❌ Не се преговара
| |||||||||||||||
Напредок на ратификацијата | ❌ Сè уште не е ратификуван од сите земји членки
| |||||||||||||||
Статистики | ||||||||||||||||
|
На 17 јуни 2022 година, Европската комисија препорача Европскиот совет да и додели на Украина кандидатски статус за пристапување во Европската унија.[7][8][9][10]
На 23 јуни 2022 година, Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикува на итно доделување кандидатски статус за членство во Европската унија на Украина.[11][12] На 23 јуни 2022 година, Европскиот совет ѝ додели на Украина статус на кандидат за пристапување во Европската унија.[13]