Претседателски избори во САД, 1808 — 6. по ред претседателски избори во САД кои траеле од 4 ноември до 7 декември 1808 година. Кандидатот од редовите на Демократско-републиканската партија Џејмс Медисон го победил кандидатот на Федералистичката партија Џејмс Котсворт Пинкни. Медисон до одржувањето на изборите бил државен секретар во администрацијата на Томас Џеферсон, додека Пинкни бил неуспешниот кандидат на федералистите на изборите одржани во 1804 година.
Кратки факти 176 изборни гласови на Избирачкиот колегиум 89 изборни гласови гласови за победа, Кандидат ...
Претседателски избори во САД, 1808
|
1804 ←
|
4 ноември - 7 декември 1808 |
→ 1812
|
|
|
|
Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означува сојузните држави каде што победил Медисон, а портокаловата боја ги означува сојузните држави каде што победил Пинкни, зветлата зелена боја ги означува сојузните држави каде што победил Клинтон. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава. |
|
Затвори
Најголемиот предизвик на Медисон бил од членовите на неговата матична партија. Тогашниот потпретседател Џорџ Клинтон и поранешниот амбасадор Џејмс Монро го предизвикале Медисон на функцијата претседател на партијата пред одржуваењто на изборите. Клинтон освоил шест изборни гласови на изборите, сите од Њујорк.
Ова бил единствениот од двата моменти во американската историја каде што бил избран новиот претседател на САД, додека дотогашниот потпретседател на САД продолжил со својот мандат. Вториот пат било со реизборот на Џон Калхун во 1828 година.