Претседателски избори во САД, 1804 — петти претседателски избори во САД. Започнале на петок, 2 ноември и траеле до среда, 5 декември 1804. На овие избори се кандидирал тогашниот демократско-републикански претседател Томас Џеферсон против кандидатот од редовите на федералистичката партија Томас Котсворт Пинкни од Јужна Каролина, херој во Американската војна за независност и поранешен амбасадор во Франција. Џеферсон издвоил голема победа над Пинкни, а Џорџ Клинтон бил избран за потпретседател. Клинтон бил на функцијата потпретседател за време на мандатот на Џеферсон како и за време на мандатот на неговиот наследник, Џејмс Медисон.
Кратки факти 176 изборни гласови на Избирачкиот колегиум 89 изборни гласови гласови за победа, Кандидат ...
Претседателски избори во САД, 1804
|
1800 ←
|
2 ноември - 5 декември 1804 |
→ 1808
|
|
|
|
Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означува сојузните држави во кои победил Џеферсон, а портокаловата ги означува сојузните држави во кои победил Пинкни. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава. |
|
Затвори
Ова биле првите избори коишто се организирале по ратификацијата на XII амандман од уставот на САД кој направил реформи во процедурата за избирање на претседател и потпретседател. Според новите закони од XII амандман, избирачите биле обврзани да го прецизираат нивниот избор за претседател и потпретседател на нивните гласачки ливчиња. Претходно избирачите гласале само за претседател, а кандидатот кој освоил втор најголем број на гласови бил избран за потпретседател.
Победата со разлика од 45,6% на Џеферсон е најголемата постигната разлика во американските претседателски избори во кои имало кандидати на повеќе големи партии. На овие избори Џеферсон станал прв поранешен потпретседател во американската историја што бил избран, а потоа и реизбран претседател, подвиг кој од тогаш се повторил само еднаш од страна на Ричард Никсон во 1968 и 1972 година.