Претседателски избори во САД (1796)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Претседателски избори во САД, 1796 — трети претседателски избори во САД. Се одржувале од 4 ноември до 7 декември 1796 година. Ова биле првите единствените американски претседателски избори каде што се избрани претседател и потпретседател од различни партии.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мапа на резултатите. Изборни гласови по сојузна држава. Поради тоа што избирачите не можеле да го одвојат својот глас за кандидатот за претседател и потпретседател пред ратификувањето на XII амандман на Уставот на САД, мапата претпоставува дека изборните гласови за претседател се оние гласови дадени за Адамс или Џеферсон. Ова води кон аномалија: Мериленд е запишан како сојузна држава која доставила 7 гласови за Федералистичката партија и 4 гласови за Демократско-републиканската партија покрај тоа што имало 10 изборни гласови од Мериленд. Еден електор се кандидирал без конкуренција од својот дистрикт, со тоа што ветил дека ќе го даде својот глас за Адамс како и за Џеферсон. Зелената боја ги означува сојзуните држави во кои победил Џеферсон доека, портокаловата ги означува сојузните држави во кои победил Адамс. Бројките го означуваат бројот на добиени изборни гласови по сојузна држава. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дотогашниот претседател Џорџ Вашингтон одбил трет мандат па затоа тогашниот потпретседател Џон Адамс од Масачусетс станал кандидат за претседател на Федералистчиката партија заедно со поранешниот гувернер Томас Пинкни од Јужна Каролина како втор најпопуларен федералист. Нивни противници биле државниот секретар Томас Џеферсон од Вирџинија заедно со сенаторот од Њујорк Арон Бјур од Демократско-републиканската партија. На овие избори секој кандидат од секоја партија се кандидирал сам, поради тоа што формалната позиција „кандидат-партнер“ (англиски: running mate) сè уште не била воспоставена.
На овие избори федералистот Џон Адамс го победил кандидатот на Демократско-републиканската партија Томас Џеферсон. Покрај големите препирања, навреди и обвинувања помеѓу двете партии, Адамс и Џеферсон сепак не учествувале активно во кампањата за претседател.[1][2]
Џеферсон бил втор по бројот на добиени изборни гласови и бил избран за потпретседател според тогашните закони за гласање на избирачите. Овие избори го востановиле таканаречениот „Систем на прва партија“, и воспоставил соперништво помеѓу федералистичката Нова Англија и демократско-републиканскиот југ, каде што државите во средина ја држеле рамнотежата на моќ.[3]