Преселба на населението
трајна промена на местото на живеење на луѓето / From Wikipedia, the free encyclopedia
Преселба или миграција (од латински: migratio[1]) — движење или преселување на населението, од едно во друго место.
Преселбите можат да бидат привремени, но можат да бидат и трајни. Привремените преселби ги означуваат дневните движења на населението од своите домови кон местата каде што работат. Привремени се сметаат и оние преселби каде личноста го напушта своето место на живеење и се населува во ново заради деловни причини, меѓутоа по извесно време се враќа во своето старо место на живеење. Трајните преселби (иселувања) се лицето кога го напушта своето место на живеење трајно и не се враќа назад. Според некои критериуми, привремените траат помалку од една година, а трајните повеќе од една година. Преселбите исто така можат да бидат внатрешни и надворешни.
Внатрешни преселби се оние преселби кои се случуваат во рамките на една држава. Тука спаѓаат и дневните преселби на населението до своите работни места. Овие преселби се вршат многу полесно од надворешните, бидејќи за нив не е потребна патничка документација како што се пасош и лична карта. Покрај пасош, лицето поминува и низ царина на државата во која се доселува, и голем број други документации потребни според законот на самата држава. Најчести причини за преселба можат да бидат: демографски, политички, економски, општествени и слично.