Премиер лига на Англија 2020-2021
From Wikipedia, the free encyclopedia
Премиер лига на Англија 2020-2021 била 29-тата сезона на Премиер лигата, највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната била планирана да започне на 8 август 2020,[1] но поради Пандемијата на КОВИД-19 и доцното завршување на претходната сезона, започнала на 12 септември 2020, а завршила на 23 мај 2021.[2]
Премиер лига на Англија 2020-2021 FA Premier League 2020-2021 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Премиер лига на Англија | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 122-ро | ||||
Период | од: 12 септември 2020 до: 23 мај 2021 | ||||
Држава | Англија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Манчестер Сити 7. титула | ||||
Лига на шампиони | 4. клуба | ||||
Лига Европа | 2. клуба | ||||
Лига на конференции | 1. клуб | ||||
Испаднале | Фулам Вест Бромвич Албион Шефилд Јунајтед | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Хари Кејн (23 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 380 | ||||
Постигнати голови | 1.024 (2,69 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Екипата на Ливерпул влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Лидс Јунајтед, Вест Бромвич Албион и Фулам биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Чемпионшип лигата 2019-2020. Тие ги замениле Борнмут, Вотфорд и Норич Сити, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во Чемпионшип 2020-2021.
На 11 мај 2021, Манчестер Сити станале шампиони по седми пат во клупската историја, после поразот на нивниот најголем конкурент во оваа сезона Манчестер Јунајтед од Лестер Сити.[3] Со тоа тие ја освоиле својата трета титула во последните четири сезони и избориле право да учествуваат во Лигата на шампионите за следната сезона. Манчестер Јунајтед завршиле втори со 12 бодови помалку од шампионот, и заедно со уште третопласираниот Ливерпул и четвртопласираниот Челси обезбедиле пласман во елитното европско натпреварување.
Лестер Сити и Вест Хем Јунајтед, пак се квалификувале за УЕФА Лига Европа 2021-2022, а пак Тотенхем бил првиот англиски клуб кој играл во новоформираната УЕФА Лига на конференции.
Фулам, Вест Бромвич Албион и Шефилд Јунајтед биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.
Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Хари Кејн од Тотенхем со 23 постигнати гола.