Прво фолио
From Wikipedia, the free encyclopedia
Комедии, историски драми и тргагедии на господин Вилијам Шекспир — изданието на збирката драми на Вилијам Шекспир од 1623 година. Современите критичари често го нарекуваат Прво фолио.
Насловна страница од првото издание (1623) | |
Автор | Вилијам Шекспир |
---|---|
Изработувач на корицата | Мартин Дрејсхоут |
Земја | Англија |
Јазик | Ран модерен англиски јазик |
Жанр | Англиски ренесансен театар |
Издавач | Едвард Блоунт и Вилјам и Исак Јагард |
Издадена | 1623 |
Страници | ок. 900 |
Печатено во фолио-формат, Првото фолио содржи 36 драми и било подготвено од колегите на Шекспир, Џон Хемингс и Хенри Кондел. Било посветено на „неспоредливиот пар браќа“ Вилијам Херберт, третиот гроф од Пембрук и неговиот брат Филип Херберт, гроф од Монтгамери (подоцна четврти гроф на Пембрук). И покрај тоа што осумнаест драми на Шекспир биле претходно објавени во кварто некаде пред 1623 година, Првото фолио е единствениот сигурен текст за околу дваесетина драми и важен изворен текст дури и за оние кои биле претходно објавени. Фолиото ги вклучува сите драми за кои општо е прифатено дека му припаѓаат на Шекспир, со исклучок на Перикле, Принцот на Тир и Двајцата благородни сродници и двете „изгубени“ драми Карденио и Успешниот труд на љубовта.