Право на Европската Унија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Правото на Европската Унија(во историјата познато како Правото на Европската заедница) е тело на договори, закони и судски пресуди кои функционираат паралелно со правниот систем на секоја земја-членка на Европската Унија.
Примарниот извор на законодавството на ЕУ се нејзините договори. Овие договори и даваат моќ на ЕУ да поставува широко политички цели и да формираа иснтитуции кои, меѓу другото, усвојуваат закони за остваравање на тие цели. Законодавните акти на ЕУ имаат две форми: регулативи и директиви. Регулативите добиваат правно значење во сите земји-членки тогаш кога ќе стапат на сила, без обврска за спроведување на какви било мерки со цел автоматски да се избегнат конфликтните домашни одредби. Директивите бараат секоја земја-членка да постигне одредени резултати допуштајќи им право сами да го изберат начинот за тоа како да ги постигнат резултатите. Деталите за тоа како тие се спроведуваат им се препуштаат на земјите-членки. Законодавството на ЕУ произлегува од одлуките донесени на ниво на ЕУ, иако во голема мера тоа се случува и на национално ниво. Според тоа, принципот на еднаквост е централна тема во донесувањето на сите одлуки од страна на Европскиот суд на правда кој има за цел да обезбеди примената и интерпретацијата на законодавството на ЕУ да не се разликува меѓу земјите-членки.