Потсдамска декларација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Потсдамска декларација, или Прокламација која ги дефинира условите за јапонско предавање е заедничка декларација објавена на 26 јули 1945 година како дел од Конференцијата во Потсдам во име на владите на трите сили: Велика Британија, Соединетите Американски Држави и Република Кина. Со Постдамската декларација се барало безусловно предавање на Јапонското Царство и јапонската армија во Втората светска војна. Тоа било ултиматум даден на Јапонија, а ако го одбие, сојузниците ѝ се заканиле на Јапонија со „брзо и целосно уништување“.[1][2]